На 23 јануари 2025 година, нашата хуманитарна организација „Светлоста на животот“ официјално ја заокружи соработката со Универзитетската клиника за детски болести со донација во износ од 55.000 денари. Дополнително, организацијата се обврза да обезбеди финансиска поддршка за покривање на медицинските трошоци за децата чии родители не се во можност да ги подмират.
Нашите волонтери-активисти, меѓу кои Сенад, Адем, Султан, Емран, Седат и Бајрам, неуморно работат на ширење на добрината и поддршката за најмилите – децата. Нивната посветеност е препознаена од повеќе здравствени институции, што сведочи за значењето на нашата мисија.
Во рамките на овој настан беше потпишан и меморандум за соработка помеѓу Универзитетската клиника за детски болести и „Светлоста на животот“, со цел да се продлабочи идната соработка и да се обезбеди континуирана поддршка за оние на кои им е најпотребна.
В.д. директорот на клиниката, Д-р Реџеп Мемеди, во своето обраќање ја изрази својата длабока благодарност за оваа хумана иницијатива и го истакна значењето на ваквите партнерства за унапредување на здравствената заштита на децата.
Тимот на „Светлоста на животот“ останува посветен на својата мисија и продолжува со активностите за да овозможи сè поголем број донации во иднина. Насмевките и радоста на оние на кои им помагаме се нашиот најголем мотив да ја продолжиме оваа благородна цел со истата енергија и посветеност.
Услови за користење | Заштита на податоци и приватност | Известување за приватност | Правно известување | Податоци за организацијата
Copyright © 2025 - „Светлината на животот“
Здружение на граѓани за афирмирање на правата на малцинските заедници
Изработено од Елвис Хајдар (Антон Софт)