Фотогалерија: Втора донација на апарат за аудиометрија за Институтот за белодробни заболувања кај децата „КОЗЛЕ“ - Скопје

НВО СВЕТЛОСТА НА ЖИВОТОТ, им се заблагодарува на сите хумани луге кои соработуваа и донираа за овој мал но скапоцен апарат Тимпанометар за да се донира во Детската болница Козле во Р.С.Македонија. Се надеваме дека ќе продолжиме да им помогнеме на сите деца на кои им е најпотребна нашата помош. Здружението „Светлоста на животот“ заедно со Детската болница „Козле“ се благодарни за сета подршка што ја добиваме, но ни престои уште долг пат. Ова што го правиме е само капка во морето, но морето би било помалку ако му недостасуваше капка. Со оваа прекрасна фраза од Мајка ТЕРЕЗА, здружението „Светлоста на животот“ продолжува со својата хумана активност.