Партнери / Соработници:

Хуманитарна донација и нова соработка со Универзитетската клиника за детски болести - Мајка Тереза

alternativeНа 23 јануари 2025 година, нашата хуманитарна организација „Светлоста на животот“ официјално ја заокружи соработката со Универзитетската клиника за детски болести со донација во износ од 55.000 денари. Дополнително, организацијата се обврза да обезбеди финансиска поддршка за покривање на медицинските трошоци за децата чии родители не се во можност да ги подмират.

Нашите волонтери-активисти, меѓу кои Сенад, Адем, Султан, Емран, Седат и Бајрам, неуморно работат на ширење на добрината и поддршката за најмилите – децата. Нивната посветеност е препознаена од повеќе здравствени институции, што сведочи за значењето на нашата мисија.

Во рамките на овој настан беше потпишан и меморандум за соработка помеѓу Универзитетската клиника за детски болести и „Светлоста на животот“, со цел да се продлабочи идната соработка и да се обезбеди континуирана поддршка за оние на кои им е најпотребна.

В.д. директорот на клиниката, Д-р Реџеп Мемеди, во своето обраќање ја изрази својата длабока благодарност за оваа хумана иницијатива и го истакна значењето на ваквите партнерства за унапредување на здравствената заштита на децата.

Тимот на „Светлоста на животот“ останува посветен на својата мисија и продолжува со активностите за да овозможи сè поголем број донации во иднина. Насмевките и радоста на оние на кои им помагаме се нашиот најголем мотив да ја продолжиме оваа благородна цел со истата енергија и посветеност.

Фотогалерија од настанот

alternative

Организацијата „Светлоста на животот“ има проект да помогне на деца кои се во тешка здравствена состојба, кои се болни од инфекции на белите дробови, со тешко дишење, со инвалидитет, деца кои им треба физиотерапии на кои им треба превоз со возило, кои имаат потреба од инвалидски колички и исто така кои деца кои имаат потреба од операции.

Ние како организација ќе дадеме се' што е во наши можности да им помогнеме. На нас ни е многу битно нашите деца да имаат добро здравје.

За Нас

Цел - Визија - Мисија

Целта на организацијата „Светлоста на животот“ е да им овозможи на граѓаните да се запознаат со своите човекови права и да се борат за скромен односно добар живот. Исто така организацијата „Светлоста на животот“ како главни приоритетни цели ги постави следниве програми:

alternative
Приоритетни цели

Наши главни приоритетни цели ги поставивме следниве програми

alternative

Човекови права и закони

Оваа програма обезбедува информирање и советување на ранливите групи на лица во врска со нивните човекови права и соодветните закони. Ќе биде промовирана на состаноци на заедницата, во училиштата и медиуми. Повратен(фидбек) механизам ќе биде поставен меѓу учениците како што се спроведувачите на закони и политичките органи поврзани со имплементирање на законите кои владеат со човековите права. Други активности се публикување на позитивните и негативните искуства во однос на човеоквите права.

alternative

Образование

Оваа секторска програма е насочена кон развивање на образовни програми кои ги задоволуваат потребите на децата, младдите и возрасните. За децата ќе се овозможат пристап кои се прилагодливи на различнни ситуации како заедница, домашни или работни центри. За младите, ќе обезбеди формално (во училишта) и стручни курсеви. Додека за возрасните, фокусот ќе биде на описменување и учење на разни вештини потребни во животот.

alternative

Здравство

Промовирање на превентивни активности како што се медицинска едукација на семејствата и заедницата, која зборува за хигиената, идентификување на заразни болести и редовна медицинска и стоматолошка мисија.

Активностите за лечење ќе се фокусираат на обезбедување медицинска помош и упатување на пациенти во болниците. Ќе се спроведат активности на застапување како мониторинг на болничките услуги.

alternative

Вработување

Осигурување на еднакви можности за уставните права т.е. еднаква застапеност на сите националности во владините политички позиции и вработувања. Едукативната компонента ќе се однесува на разбирање на граѓанските улоги и одговорнисти во однос на демократизацијата. Промовирање на партнерство меѓу владините институции и невладините организации за подобро надополнување и компплементирање на програмите и активностите.

alternative

Прибирање на средства(приходи)

Ова ќе им овозможи на луѓето да се ангажираат во активности за прибирање на средства кои ќе го зголемат нивното ниво на приходи за нивните основни потреби за храна, облека и засолниште. Кооперативни програми (кредити и потрошувачка) ќе бидат воведени како проект.

Рекоа за нас...

alternative

Ви благодариме за намерата за донација за нашиот институт. Сепак се работи за ранлива категорија на пациенти, тоа се децата.

Јасмина Павлиќ

alternative

Ви благодариме за Вашата донација. Ова навистина е од големо значење за нашиот институт.

М-р. Ријад Алими

alternative

Ви благодариме за Вашата донација на апаратот кој што е потребен за работа на институцијата.

Д-р. Билјана Иванова Димчева - Педијатар

alternative

Долго време го очекувавме овој апарат. Ви благодариме за Вашата донација.

Д-р. Веселинка Митрова Јосифова

alternative

Во мое име и во име на институцијата Ви благодариме за Вашата донација.

Организациски директор М-р Тахир Таири

Нашиот тим

Нашиот тим се состои од истомисленици и големи ентузијасти кои се секогаш желни да помагаат

alternative
Пакиза Ахмед

Претседател - 001

alternative
Насер Ахмед

Советник - 002

alternative
Себа Ибраим

Координатор - 003

alternative
Џенифер Хајдар

Асистент - 004

alternative
Енвер Абаз

Асистент - 005

alternative
Мелита Исмаил

Секретар - 006

alternative
Ајдарали Сејди

Асистент - 007

alternative
Седат Бернарди

Активист - АК 051

alternative
Сенад Зулфија

Активист - АК 052

alternative
Адем Дестан

Активист - АК 053

alternative
Султан Бернарди

Активист - АК 054

alternative
Емран Бернарди

Активист - АК 055

alternative
Бајрам Саљиху

Активист - АК 056

Активности

Проекти со кои се гордееме

Ова се реализираните проекти на кои се гордееме што токму НИЕ чиниме добри дела

КОНТАКТ

Стапете во контакт со нас

Ние сме отворени за соработка. Секогаш спремни да помогнеме.